Коронавирус на Тасос и Кавала, ја донеле туристи од Бугарија и Србија

од Vladimir Zorba
226 прегледи

Првите случаи на коронавирусот се појавија во грчката општина Пангајо во округот Кавала и на островот Тасос, за кои е утврдено дека ги донеле туристи од Србија и Бугарија, кај кои вирусот е асимптоматски.

На Тасос потврдени се четири случаи и тие туристи биле сместени во хотел во карантин, додека во општината Пангајо биле потврдени два случаи со луѓе кои ја посетиле таа општина, но во меѓувреме се вратиле во своите земји, јавува АНА.

На Тасос, пациентите биле откриени кога туристите ги добиле резултатите од направените тестови кога биле влезени во Грција.