Коронавирус: Најмногу активни случаи во Аеродром и Центар

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа се направени 1368 тестирања, а регистрирани се 178 нови случаи на Ковид-19. Од новите случаи во Скопје се 42, Куманово-19, Кочани-17 ,Прилеп-16, Тетово-14, Струмица-13, Гостивар-11. Во останатите градови регистрирана е едноцифрена бројка на заболени.

Според завршените епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи и натаму има во Скопје – 598, потоа во Куманово – 211, Тетово – 170, Прилеп, 138, Гостивар – 113, Струмица -108, Кочани – 98.

Од скопските општини, со најмногу активни случаи е Аеродром – 89, потоа Центар – 81, Гази Баба и Карпош по 74, Чаир – 62, Кисела Вода – 57.

Слични содржини