Поради растечката пандемија на коронавирусот, кино салите ширум светот ги откажаа премиерите на неколку филмови, меѓу кои и продолжението на „Тивко место“.
Филмот во кината во Европа требаше да пристигне на 19 март, а во САД најдоцна до 20 март. Paramount се уште не одреди нов датум.
„Нешто на што сум особено горд е тоа дека велат дека ова е филм кој луѓето мораат заедно да го гледаат. Со оглед на околностите кои брзо се менуваат во светот околу нас, јасно е дека сега не е вистинско време за тоа. Бидејќи многу сум возбуден сите да го гледате филмот, ќе причекам со влегувањето во кината додека сите не можеме да го направиме тоа и да го гледаме заедно! За заедничко излегување во кино! Се гледаме наскоро!“, се вели во соопштението на режисерот Красински.
Истото се случи и со анимираниот филм Тролови – светска турнеја. Доколку се стабилизира ситуацијата, стартот на филмот е закажан за 16 април. Филмот Мулан од студиото на Дизни, чија премиера беше закажана за 26 март, исто така се поместува за друг датум.
Кино старот на филмот Fast and Furiou исто така е одложен, а новиот датутм е април 2021 година.