Коронавирусот го одложи враќањето на работа во Хубеи

од Nikola Popovski

Во Кина и во светот продолжува борбата против епидемијата на коронарен вирус. Околу 160 милиони луѓе нема да се вратат на работа после празниците. Ќе работат само аптеките,  продавниците со намирници и хотелите. Во Кина повеќе од 1.700 луѓе починаа од инфекцијата, а повеќе од 70.000 се заразени. 400 американски државјани беа евакуирани од крузерот „Дајмонд Принцес“ во пристаништето Јокохама.

Приоритет во покраината Хубеи е да се обезбедат доволно медицински материјали и персонал за да се направи борбата против вирусот што е можно поуспешна.

“Ние користиме заеднички механизам за превенција и контрола за зајакнување на медицинската услуга во покраината Хубеи. Започнавме обука на национални медицински работници и доктори во руралните области. Инструкциите исто така може да се видат преку Интернет”, рече Јонг Хонгминг, асистент директор на Секторот за здравствена заштита на бази на Националната здравствена комисија.

Неколку привремени болници се отворени во Вухан, со пациенти со поблаги симптоми.

За полесно да издржат во карантин, се организираат лесни вежби, па дури и обука за етнички танц.

По кинескиот новогодишен празник, 160 милиони Кинези се очекува да се вратат на работа денес, при што властите инсистираат на тоа жителите на покраината Хубеи да останат дома.

Слични содржини