Коронавирусот можеби излегол од лабораторија во Вухан, соопштија американските истражители

од Берта Китинска
491 прегледи

Студија на Националната лабораторија на САД за потеклото на ковид 19 покажа дека хипотезата за потеклото  од кинеската лабораторија во Вухан е можна и заслужува понатамошна истрага, објави „Волстрит журнал“ повикувајќи се на извори запознати со содржината на таа тајна документ.

Истражувањето го спроведе Националната лабораторија Лоренс Ливермор во Калифорнија во мај минатата година, а резултатите му беа испратени на Стејт департментот на САД, кој спроведе истрага за потеклото на вирусот а време на последните месеци од владеењето на поранешниот претседател Доналд Трамп .

Заклучокот на американската лабораторија се заснова на анализа на геномот на вирусот, пренесува весникот.

Сепак, лабораторијата одби да ги коментира наводите на „Волстрит журнал“ Американските разузнавачки агенции сметаат дека се можни две сценарија – дека вирусот се проширил по лабораториската несреќа или дека е предизвикан од човечки контакт со заразено животно, но сè уште не се донесени заклучоци.

Во доверливиот извештај на американското разузнавање, кој беше циркулиран за време на администрацијата на Трамп, се вели дека тројца истражувачи од кинескиот институт за вирусологија во Вухан во ноември 2019 година биле толку болни што биле хоспитализирани.

САД ја обвинија Кина дека не е доволно транспарентна кога станува збор за истражување на потеклото на коронавирусот, но Кина ги негираше обвинувањата.

Слични содржини