Изминатиот период се забележува намалување на трендот на новозаболени лица од ковид 19, сепак доколку се востанови дека се уште има потреба од тоа, рестриктивните мерки ќе останат на сила и по 20 април, информираше вчера министерот за здравство Венко Филипче.
Во моментов најмногу активни случаи во земјава има во овие градови:
Скопје 64144, активни 9161
Куманово 7818, активни 1257
Прилеп 7730, активни 1026
Битола 5509, активни 1291
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 144.111, бројката на оздравени пациенти е 119.683, на починати е 4.322, а бројот на активни случаи изнесува 20.106.