Коронавирусот некогаш и сега: Што се промени и што ако се разболете сега?

од Stefanija Kuzmanovska

Коронавирусот се врати во нешто пошироки размери со доаѓањето на постуденото време, но далеку е од ситуацијата како порано, кога бевме „заклучени“ и кога бевме под посебни мерки за време на епидемијата. Значи, работите се сменија, но на кој начин и што кога некој ќе се зарази со ковид – сега?

Додека порано постоеја правила за изолација, задолжително пријавување на лекар, тестирање во здравствена установа, задолжителен карантин одреден број денови, моментално ситуацијата е значително поинаква. Може да се каже дека е така, како што било секогаш со грипот и начинот на кој се лекувал.

Вакцината и создавањето имунитет помогнаа да се ублажат последиците од инфекцијата, но и нејзиното ширење. Но, внимателноста никогаш не пречи.

Сега се третира како во случаи на грип. Дури и симптомите се слични – болки во грлото, отежнато дишење, замор, болки во мускулите и телото, зголемено чувство на студ.

Исто така, постапката за лекување не е специфична. Се препорачува одмор, колку што е можно повеќе течност, намалување на температурата. Исто така, веќе нема задолжителна изолација или одреден број денови за престој дома. Се препорачува домашен тест, а кога симптомите ќе исчезнат, можете да излезете надвор, за да бидете сигурни дека не ја носите инфекцијата меѓу луѓето.

За оние кои сакаат дополнително да се заштитат, има повеќе вакцини. Сега се препорачуваат за лица над 65 години и за оние со хронични заболувања, односно за оние чиј имунитет е нарушен.

Слични содржини