Бројот на починати секојдневно е над 30 лица. Коронавирусот продолжува забрзано да се шири.
„Пикот е зад нас“, велат властите потенцирајќи дека ситуацијата се стабилизира, но мора да останеме максимално внимателни, да носиме маски и да држиме физичка дистанца. Особено е важно за претстојните празници да нема групирања во верските објекти и да се остане дома за да не се создаде нов кластер.
-Имаме систем на балансирани мерки, но основните, носење маска и држење дистанца, мора да се почитуваат. Луѓето како да се опуштија. Сега сме пред големи празници. Од претходното искуство лани, видовме дека и покрај силните препораки, непочитувањето на мерките доведе до нов бран, изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој вели дека само со вакцинација може да ја победиме пандемијата.
-Сега е време да придонесеме за побрзо надминување на пандемијата со коронавирусот. Процесот на имунизација е пред нас и само со вакцинација на голем број граѓани ќе успееме да стекнеме колективен имунитет. Пријави се за вакцинација денес, порача Филипче.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.