277
Според Министерството за здравство, во последните 24 часа регистрирани се вкупно 21 починато лице, на возраст од 50 – 90 години.
По градови, бројките се: 6 пациенти од Скопје, три починати лица од Велес, по две починати лица од Прилеп, Охрид, Струга и Гевгелија, и по 1 починато лице од Куманово, Гостивар, Струмица и Ресен. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 582.489 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 117.437, бројката на оздравени пациенти е 99.837, на починати е 3.424, а бројот на активни случаи изнесува 14.176.