379
Според министерството за здравство, во последните 24 часа, пријавени се вкупно 25 починати лица, на возраст од 29 – 87 година.
Билансот по градови изнесува: 7 пациенти од Скопје, од Прилеп и Битола – по 4, од Кавадарци – 3 починати, и по едно починато лице е пријавено од Куманово, Тетово, Велес, Гостивар, Кочани, Струга и Охрид.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 120.882, бројката на оздравени пациенти е 102.201, на починати е 3.528, а бројот на активни случаи изнесува 15.153.