Коронавирусот повторно се појавува кај излечените пациенти

од Nikola Popovski
293 прегледи

Научниците од универзитетот во Хонг Конг објавиле дека е потврден случај со повторна инфекција со коронавирус кај едно исто лице , јавува телевизијата РТХК.

Како што се наведува, 33-годишниот маж бил заразен со Ковид 19 во април, бил хоспитализиран и излечен. Сепак, откако се врати лод Шпанија на почетокот на август, тој повторно направи тест за коронавирус, а резултатот бил позитивен.

На почетокот, лекарите не биле сигурни дали човекот бил повторно заразен или вирусот цело време бил во неговото тело.

Сепак, според научниците од универзитетот во Хонг Конг, генетската секвенца покажала дека видовите на вирусот кои биле изолирани од пациентот во април и август биле „сосема различни“.

Научниците тврдат дека ова е првиот потврден случај на повторна инфекција со Ковид-19.

„Многумина веруваат дека пациентите кои се излечени од коронавирусот се имуни на повторна инфекција, бидејќи повеќето од нив развиваат неутрализирачки антитела. Сепак, постојат докази дека бројот на антитела кај некои пациенти се намалува по неколку месеци“, рекле истражувачите од Хонг Конг.

Слични содржини