Коронавирусот се повлекува, се очекува мирно лето

од Берта Китинска
215 прегледи

Пандемијата со ковид 19 полека спласнува. Притисокот врз болниците секојдневно се намалува. Министерот за здравство Венко Филипче предвидува со резерва вели дека ситуацијата со вирусот летово ќе биде мирна.

-Претстојните летни месеци епидемиолошката ситуација ќе биде  мирна. Состојбата со коронавирусот во земјава е стабилна и нема никакви знаци дека нешто ја влошува, оценува министерот за здравство Венко Филипче, но апелира граѓаните да бидат претпазливи, да ги почитуваат мерките оти секогаш може да се јави мутација на вирусот која би била позаразна од оние кои циркулираа.

Филипче вчера информира дека од Амбасадата на Народна Република Кина било најавено дека во следните седум дена треба да пристигнат 500.000 вакцини „Синовак“.

„Секој понеделник пристигнува пратка на вакцините „Фајзер“ и тоа е согласно нашиот билатерален договор, дополнет со количината која доаѓа преку системот за солидарност на земјите членки на ЕУ, тоа се околу 10.000 вакцини. Веројатно и следните недели ќе биде таа количина. Дополнително, во јуни треба да пристигнат околу 100.000 вакцини преку Ковакс механизмот. Сè уште немаме точен датум и динамика на пристигнување на вакцините. За руските вакцини уште немаме информации кога треба да ги очекуваме, соопшти Филипче.

Слични содржини