Коронавирусот се прошири во Иран, починати уште две лица

од Nikola Popovski

Коронавирусот се прошири во неколку ирански градови, изјави во петокот претставник на Министерството за здравство, бидејќи уште двајца заразени починале во центарот на епидемијата во светиот град Ком.

Иран потврди 13 нови случаи, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 18, од кои починале четворица.

„Распространетоста на коронавирусот потекнува од Ком и пристигна во неколку градови, меѓу кои Техеран, Бабол, Арак, Исфахан, Рашт и други“, рече Мину Морез, јави иранската новинска агенција Ирна.

„Може да има вируси во сите градови во Иран“, додаде тој.

Повеќето случаи се во Ком, светиот град на шиитските муслимани, 120 километри јужно од Техеран.

Здравствените власти повикаа на откажување на сите верски собири во Ком.

Слични содржини