309
Тројца млади кавадарчани се новите случаи заразени од коронавирус, за МИА денеска потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Се работи за млади лица, две од машки и едно од женски пол, на возраст од 18, 19 и 21 година.
Две од лицата пред некое време се вратиле од Лондон. Ниеден од новорегистрираните не знаел каде се заразил.