Коронавирусот спласнува, повеќе од 100.000 граѓани се пријавиле за вакцинација

од Берта Китинска
188 прегледи

Бројот на заразени и починати лица од ковид 19 во земјава се намалува.

Во моментов најмногу активни случаи има во Скопје (1087),еден има во Берово додека пак во Дојран и Демир Капија нема ниту еден активен носител на  коронавирус.

-Само во последните две недели повеќе од 100.000 граѓани се пријавиле за вакцинација на vakcinacija.mk a бројот на заинтересирани надмина 400.000. Ги охрабрувам сите граѓани што поскоро да се пријават на веб-страницата за да можеме да ставиме крај на пандемијата. #ВакцинирајСе, информираше министерот за здравство Венко Филипче.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155 071, бројката на оздравени пациенти е 147 043, на починати е 5 342, а бројот на активни случаи изнесува 2 686.