Бројот на заболени лица со ковид 19 се намалува. Според податоците на министерството за здравство бројот на активни случаи во моментов изнесува 3.040.
Најмногу активни случаи има во
Скопје 68344, Активни 1204
Куманово 8795, Активни 287
Прилеп 8280, Активни 130
Тетово 7196, Активни 109
Битола 6282, Активни 213
Охрид 4993, Активни 188
Додека пак во Дојран има нула активни случаи.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 240 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид-пациенти.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 154.937, бројката на оздравени пациенти е 146.632, на починати е 5.265, а бројот на активни случаи изнесува 3.040.