Коронавирусот зеде уште пет човечки животи во Македонија

од Берта Китинска
254 прегледи

Во последните 24 часа се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19 .

Починати се 5 лица, една пациентка од Крива Паланка (69г), двајца од Гостивар (77г и 63г), еден пациент од Неготино (69г) и еден од Скопје (70г). Сите се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 140.093 тестирања на ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13799, бројката на оздравени пациенти е 10210, на починати е 573, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3016.

Слични содржини