Коронавирусот зема уште четири жртви во Македонија

од Берта Китинска
351 прегледи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19.

Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694, бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920.

Слични содржини