Кортни Кардашијан ѝ даде уште една шанса на старата љубов

414 прегледи

Познатата старлета Кортни Кардашијан својата „сингл“ година ќе ја заврши како зафатена жена и тоа во врска со една своја стара љубов. Но, доколку прво помисливте дека се работи за таткото на нејзините деца Скот Дисик, ќе се разочарате. Станува збор за Јунес Бенџима кој е помлад од неа дури 14 години.

Двајцата се запознале на Париската модна недела 2016, а кратко потоа започнале врска во која беа се до август 2018. Дека повторно се заедно, суптилно потврдила Кортни на својот Инстаграм во галеријата фотографии со семејната прослава за Божик.

На седмата фотографија во галеријата Кортни и Јунес позираат прегрнати пред големата новогодишна елка, а дека навистина се смириле потврдил и извор близок до старлетата за магазинот People, но не открил ниту кога, ниту како.

View this post on Instagram

#mycalvins #ad @calvinklein

A post shared by Kourtney Kardashian (@kourtneykardash) on

А се чини дека Кортни цело време се надевала дека ќе се смират со Јунес бидејќи никогаш не ги избришала заедничките фотографии на Интаграм.

Слични содржини