Кортни Кокс ќе ја повтори својата улога во продолжението на „Scream“

од Vladimir Zorba
363 прегледи

Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Кортни Кокс, ќе ја повтори улогата како репортерката Гејл Ветерс во новото продолжение на култната франшиза „Scream“.

Новиот филм ќе биде во режија на „Spyglass Media Group“ на Гери Барбер, а филмот е заснован на франшиза за маскиран сериски убиец кој ги тероризира своите жртви преку телефонски повици, создадена од Кевин Вилијамсон и Вес Крејвен, кој почина во 2015 година.

Филмот дебитираше во кината во 1996 година. Никој не можеше да замисли дека овој филм ќе стане еден од најуспешните хорор филмови на сите времиња и со заработка од 104 милиони долари им се закануваше на сите филмови од топ листите во тоа време.

Првиот дел од филмот беше основа и за уште две продолженија, но и бројни пародии.

Слични содржини