📽 „Ми недостигаш секој ден“: Кортни Кокс за првпат се огласи по смртта на Метју Пери

од Stefanija Kuzmanovska

Актерот Метју Пери почина на 55-годишна возраст, а веста за неговата смрт го потресе светот.

Актерката Кортни Кокс, која се прослави со улогата на Моника во култната серија „Пријатели“, за првпат се огласи за трагичната смрт на нејзиниот колега Метју Пери.

Кортни Кокс објави видео од една сцена од култната серија со емотивни зборови.

„Толку сум благодарна за секој момент со тебе, Мети, и ми недостигаш секој ден“, започна актерката и додаде:

„Кога работите со некој толку блиску како што работев јас со Метју, има илјадници моменти кои би сакала да ги споделам. Засега, еве еден од моите омилени. Малку заднина на приказната, Чендлер и Моника требаше да имаат една ноќна авантура во Лондон. Но поради реакцијата на публиката тоа стана почеток на нивната љубовна приказна. Во оваа сцена, пред да почнеме да играме, тој ми шепна смешна реплика за да ја кажам. Често правеше такви работи. Беше забавен и љубезен“.

Да потсетиме, во серијата „Пријатели“ Метју и Кортни покажаа како најдобри пријатели завршуваат во брак, а беа еден од омилените парови. Освен што заедно глумеа во култната серија, Кортни и Метју беа блиски пријатели.

Слични содржини