📸📽 Кортни Кокс ѝ го честиташе роденденот на Џенифер Анистон со емотивна објава

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Џенифер Анистон го прослави својот 55-ти роденден.

Џенифер се прослави со улогата на Рејчел Грин во серијата „Пријатели“, а оваа улога беше важна и за нејзиниот приватен живот, бидејќи многу се зближи со останатите пет главни актери.

Кортни Кокс, која ја играше Моника Гелер, ѝ стана најдобра пријателка, а сега ѝ го честиташе роденденот со емотивна објава на Инстаграм. Имено, заедно со заедничките фотографии од неа и Анистон, таа објави и дел од сцена од „Пријатели“ во која ги има Рејчел и Чендлер, кои ги толкуваат Џенифер и неодамна починатиот Метју Пери.

„Не сум сигурна зошто ова е еден од моите омилени клипови. Можеби затоа што никој друг на светот не може да направи овој ред да звучи толку слатко. Среќен роденден моја мила Џени Луис. Исто така, не знам зошто ја викам така… Но, сигурно знам дека те сакам“, напиша таа.

Слични содржини