Кос: Новинарите на РТС имаат право да ја вршат својата работа без притисок

од Nikola Popovski
185 прегледи

Откако Радио-телевизија Србија побара итен одговор од меѓународните институции поради блокадата на зградата на оваа медиумска институција и прогонот на нејзините членови, се огласи еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Таа на социјалната мрежа „Х“ напиша дека будно ја следи ситуацијата во Србија и ги повика сите страни да се воздржат од дополнително подигање на тензиите. Таа ја изрази и својата загриженост за, како што вели, обидот да се поднесе кривична пријава против Владан Ѓокиќ, ректорот на белградскиот универзитет.

– Европската унија ја следи и блокадата на Радио-телевизија Србија. Јавните медиуми имаат одговорност да работат во најдобар интерес на граѓаните и да обезбедат простор за сите легитимни ставови. Тие имаат право, како и сите новинари, да си ја вршат работата без никаков притисок. Се надевам дека сегашната ситуација ќе се реши преку конструктивен дијалог и во духот на демократијата, соопштила Кос.

РТС шести ден е блокирана од сите страни, како и студијата во Кошутњак од страна на студентите во блокада и граѓани. Тие бараат нови членови на РЕМ. Претходните денови не беше емитувана утринската програма, а со проблеми се одвиваат и програмските содржини на РТС.

Протестите и блокадите продолжуваат во цела Србија, со 6-те барања, а пред два дена претседателот Александар Вучиќ презентираше извештај на руската тајна служба дека на 15-ти март за студентските демонстрации не е употребен звучен топ.

Слични содржини