Кос: Одлуката на српскиот парламент за правосудството е сериозен чекор наназад

Српскиот парламент усвои серија законски измени поврзани со реформата на правосудството, потег што е поддржан од владејачката десничарска националистичка гарнитура, но остро критикуван од дел од јавноста и експертите, кои предупредуваат дека станува збор за удар врз независноста на судството.

од desk4
24 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб

Со измените, според критичарите, се отвора можност претседателот Александар Вучиќ дополнително да го зголеми своето влијание врз јавните обвинители и правосудниот систем.

На ова реагираше Марта Кос, европска комесарка за проширување и односи со земјите кандидатки за членство во Европска унија, меѓу кои се и државите од Западен Балкан.

„Гласањето во српскиот парламент со кое се ограничува независноста на правосудството претставува сериозен чекор наназад на патот на Србија кон Европската унија. Во време кога процесот на проширување бележи значаен напредок, а Црна Гора и Албанија се движат брзо напред, Србија ризикува да тргне во спротивна насока. Тоа не е она што го посакуваме“, напиша Кос во објава на социјалната мрежа X.

Изјавата доаѓа во момент кога Европската унија инсистира на зајакнување на владеењето на правото и независноста на судството како клучни услови за напредок во пристапните преговори со земјите кандидатки.

Критичарите во Србија предупредуваат дека усвоените законски измени може сериозно да го нарушат балансот на власта и да ја доведат во прашање автономијата на судството и обвинителството, што е една од централните реформи побарани од Брисел.

Слични содржини