239
Дефанзивецот на Арсенал, Лоран Косчелни повика на единство во тешкиот за клубот период во кој „топџиите“ наредија куп порази во сите натпреварувања.
„Ние носиме своја одговорност на теренот и сме должни да бидеме заедно со нашиот менаџер. Тешко е да се каже кој е виновен – Венгер или ние. Во моментов сопствениците на клубот знаат најдобро од сите што му е потребно на тимот. Венгер е во Арсенал веќе 20 години, тој секогаш го сакал овој клуб“, рече Французинот.
„Неопходно е да останеме обединети во овој сложен период. Секој кој е поврзан со Арсенал – играчи, персонал и фанови да се обединат. Треба да се бориме до крај“, додаде тој.