Кошаркарите на МЗТ Скопје по осми пат го освоија шампионскиот трофеј

од Берта Китинска
288 прегледи

Кошаркарите на МЗТ Скопје по осми пат го освоија шампионскиот трофеј во македонското првенство.Со вкупни 3-0 во финалната серија МЗТ Скопје заслужено дојде до двојната круна во сезоната 2020/21. Претходно победија и во Купот на Македонија.

На денешниот дуел кај стрелците во победничките редови доминираше А. Магдевски со 21 поен (шест скокови), следен од Б. Крстевски со 16 поени и седум скокови. Токму наградата за најкорисен играч (МВП) ја доби репрезентативецот Магдевски.

Слични содржини