Кошаркарката Грајнер за руски трговец со оружје: САД и Русија спроведоа размена на затвореници

од Stefanija Kuzmanovska
178 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави дека Обединетите Арапски Емирати учествувале во размената на затвореници меѓу САД и Русија, во која биле вклучени американската кошаркарка Бритни Грајнер и рускиот трговец со оружје Виктор Бут.

„Сакам да им се заблагодарам и на Обединетите Арапски Емирати што ни помогнаа да го олесниме ослободувањето на Бритни. Таа слета таму“, рече Бајден на прес-конференција во Белата куќа.

Стејт департментот на Соединетите Американски Држави и Русија денеска спроведоа размена на затвореници, вклучувајќи ги кошаркарската ѕвезда Грајнер и рускиот трговец со оружје Виктор Бут.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека на аеродромот во Абу Даби успешно е завршен процесот на размена на рускиот државјанин Виктор Бут за американскиот државјанин Бритни Грајнер.

Грејнер беше уапсена на 17 февруари на аеродромот Шереметјево, а таа носеше патрони за електронски цигари со масло од канабис. Двократниот олимписки шампион беше осуден на девет години затвор во Русија.

Виктор Бут, познат руски трговец со оружје, помина повеќе од 10 години во американски притвор.

Слични содржини