На актерот Дени Мастерсон, познат по улогата на Хајд во серијата „That ’70s Show “, му се судеше за силување на три девојки што се случило пред две децении, а судот го прогласи за виновен во два случаи, објави Си-Ен-Ен.
Дека е осуден на максимална затворска казна потврдија во судница во Лос Анџелес, а тоа го потврдија и од окружното обвинителство.
За потсетување, актерот беше обвинет од три жени дека ставил дрога во нивните пијалоци помеѓу 2001 и 2003 година во неговиот дом во Лос Анџелес со цел да ги силува, а потоа се повикал на неговата важност во Скиентолошката црква за да ги избегне последиците, кажале од поротата во завршните зборови од судењето.
Адвокатот на обвинителството посочил дека актерот ги дрогирал жртвите за да добие контрола, односно да им го одземе правото на жртвите да одбиваат.
Од моментот на објавување на пресудата, сите погледи беа вперени во сопругата на Мастерсон, Бижу Филипс, која наводно не планира да се разведе од актерот и го поддржува и во овие моменти.
„Многу ѝ е тешко по пресудата. Таа го сака Дени и нема намера да поднесе барање за развод. Таа после се ќе остане со него“, изјавил за „Peoplе“ добро информиран извор за целата ситуација.
Изворот претходно изјави дека Бижу е многу загрижена за безбедноста на нејзиниот сопруг и дека се плаши дека некој може да му наштети во затвор.
„Кошмарно е, но таа останува со него и продолжува да ја поддржува нивната ќерка“, рекол изворот, додавајќи дека Бижу не верува дека нејзиниот сопруг е виновен за силувањата за кои е осуден.
Мастерсон најверојатно нема да излезе од затвор пред да наполни 77 години, но неговата сопруга сепак има надеж за подобра иднина за нив, а нејзината реакција изненади многумина кои очекуваа дека сепак ќе реши да го напушти сопругот.