Кошта ќе ја спасува сезоната на Артета и Арсенал?

од Vladimir Zorba
102 прегледи

По веста за повредата на Каи Хаверц, кој според англиските медиуми ќе биде аут до крајот на сезоната, менаџерот на Арсенал, Микел Артета остана речиси без никакви опции во нападот. Моментално недостапни се и Габриел Жесус, Габриел Мартинели и Букајо Сака, а единствени опции се Леандро Тросар, Рахим Стерлинг и Итан Нуанере. Сепак, ниту еден од нив не е центарфор.

Откако ќе се затвори зимскиот преоден рок, Арсенал може да прибегне само кон потпишување на слободен агент, што е можно бидејќи клубот во моментов го нема пополнето ростерот со 25 играчи во Премиер лигата.

Според „Мирор“, една од можностите е поранешниот напаѓач на Челси, Диего Коста, кој моментално е без клуб по заминувањето од Гремио во јануари. Други опции се Максимилијано Гомез, кој минатата сезона ја мина на позајмица во Кадиз од Трабзонспор, поранешниот играч на Реал Мадрид, Маријано Дијаз, кој летото ја напушти Севиља, и двајца поранешни играчи на Арсенал – Карлос Вела и Лукас Перез.

Скај Спортс додава уште две интересни опции на оваа листа – поранешните напаѓачи на Монако и Ренџерс Висам Бен Једер и Кемар Руф.

Слични содржини