Кошта: Мешањето на САД во внатрешниот политички живот е неприфатливо

„Не може да има слобода на говор без слобода на информации. Нема да има слобода на говор ако слободата на информирање на граѓаните се жртвува за да се одбранат техноолигарсите во САД“, рече тој.

од Vladimir Zorba
12 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/ЕУ во Индонезија

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денес изјави дека иако е нормално САД и Европската Унија да не делат иста визија за многу прашања, заканата од мешање во внатрешниот политички живот не е прифатлива.

Кошта оцени дека визијата за слободата на говорот е различна во ЕУ и САД, објави Ројтерс.

„Не може да има слобода на говор без слобода на информации. Нема да има слобода на говор ако слободата на информирање на граѓаните се жртвува за да се одбранат техноолигарсите во САД“, рече тој.