Вечерва во Центарот за вакцинација во салата “Борис Трајковски” го остварив своето право, но и обврска на вакцинација против вирусот Ковид 19, објави градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов.
Тој воедно и упати апел дека само со масовна вакцинација, можеме заеднички да ја победиме оваа болест.
„Ве повикувам да го искористите своето право на вакцинација ! Заедно да победиме!!!“, потенцира Шилегов и додава:
„Особено задоволство ми беше што вакцинацијата (а и брисевите кога бев болен) ја добив лично од Денис Јанкуловски – Космонаутко. Не заигравме , ама срдечно се поздравивме. Поздрав за сите прекрасни луѓе од медицинскиот и техничкиот персонал во Центарот. Вакцинирајте се!!!“, стои во објавата на социјалните мрежи на градоначалникот.
Покрај него, во текот на денешниот ден се вакцинираа и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.