Медицинскиот техничар Денис Јанкуловски или попознат на социјалните мрежи како Космонаутко на својот Фејсбук профил во објавата насловена како „Кон албумот „кабина 9 – пред се да се биде човек“ , напиша пофални зборови за вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи кој утрово се ревакцинираше во салата „Борис Трајковски“.
-Станувам утрово и ова ме дочекува .Фатмир го запознав во текот на пандемијава во скафандер. А она што ми претставува особено задоволство е што нашата корона дружба ја комплетиравме со вакцинацијата.
Политичар, функционер во Влада……но еден од ретките за кои можам да кажам Човек. Непосреден, насмеан, човек кого очигледно и вработените го сакаат.А и каков би бил кога на двете наши средби во кабина 9 пристапува космонаутски .Мило ми е што Ве познавам, да сте ми жив и здрав, продолжете и останете ваков.Гуш и бац од Космонаутко, пишува Јанкуловски.