Космонаутко за наградата „Европеец на годината“: Идејата ми е да одам во Европа, заедно со сите мои сограѓани

од Nikola Popovski

„Јас планирам да одам во Европа, заедно со сите мои сограѓани. Тоа ми е идејата“, изјави медицинскиот техничар од Институтот за јавно здравје, Денис Јанкуловски – Космонаутко за емисијата „Трилинг“, откако ја доби наградата „Европеец на годината“.

За осудите и изјавите на претедателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, поради видеото со играње во арената „Борис Трајковски“, Јанкуловски вели тоа бил момент на мал простор и пауза од работата.

„Тоа беше момент кај што најдовме вентил за сите нас здравствените работници, затоа што и нас ни треба нешто со кое што ќе си го направиме денот поубав. Тоа беше спонатана реакција, уште немаше никој во арената за вакцинација. За жал наиде на неосновани критики. Сепак, целата таа група граѓани и портали кои застанаа во одбрана на здравствените работници, многу брзо ги потиснаа тие предрасуди“, вели медицинскиот техничар.

Наградата „Европеец на годината“ ја доделува Делегацијата на Европската Унија по повод 9 мај, Денот на Европа, а ја посветува на поединци кои дале придонес кон општеството, донесувајќи позитивни примери, покажувајќи лидерство и храброст и помагајќи им на оние кои имаат потреба.

Слични содржини