„Косова Сот“: Судот за ОВК може да му ги замрси конците на Тачи

од Vladimir Zorba
79 прегледи

Специјалниот суд за воени злосторства извршени од припадници на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), би можел „да ги замрси конците“ на актуелниот шеф на косовската дипломатија Хашим Тачи во неговите намери да стане претседател на Косово, објави денеска приштинскиот весник „Косова сот“.

хасим

Според весникот, доколку Судот покрене обвинение против Тачи за воени злосторства, тоа сигурно ќе ги доведе во прашање неговите претседателски амбиции, а би можело да резултира и со распад на владејачката коалиција на неговата Демократска партија на Косово (ПДК) со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) на актуелниот премиер Иса Мустафа.

– Доколку Тачи се најде на листата на обвинети, тоа ќе претставува една нова околност кога се во прашање неговите претензии да стане претседател на Косово и да ја наруши трговијата на коалиицјата ПДК-ЛДК, смета професорот по право Мазлу Баралиу.

Според правниот експерт, Блерим Бурјани, коалицијата меѓу ПДК и ЛДК бе можела да продолжи да функционира, само доколку следната година Хашим Тачи биде избран за претседател.

– Во споритвно (коалицијата) пред време ќе го заврши својот мандат, додава Бурјани, нагласувајќи дека сега тоа ќе зависи од околностите што би можел да ги создаде Специјалниот суд, смета Бурјани./МИА