127
На 12.04.2023 во 18.10 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на раскрсница од ул.„18 Ноември“ со ул.„Београдска“ во Гостивар, товарно возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Е.Х.(25) од Косово, со живеалиште во Гостивар, удрил во малолетен пешак од Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница во Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.