Косово: Девет починати и 120 позитивни од 452 тестирања на Ковид-19

од Nikola Popovski
185 прегледи

Националниот институт за јавно здравје на Косово (НИЈЗК) денес објави дека во последните 24 часа девет лица починале како резултат на коронавирусот, со што вкупниот број на жртви се искачил на 535 лица.

Во исто време, вкупно 452 примероци земени од клиниките, регионалните болници и контактите на претходно заразените лица биле тестирани во лабораторијата на НИЈЗК и приватните лаборатории по методот РТ-ПЦР.

Најновиот резултат покажал 120 позитивни случаи, така што до денес, вкупниот број на позитивни случаи е 13.454 од 51.135  тестирани за коронавирус.

Во текот на последните 24 часа биле излекувани 122 пациенти, додека вкупниот број излекувани до денес е 9.595 лица, а бројот на активни случаи е 3.334.

Општина Приштина сè уште е на првото место според бројот на заразени и активни лица на коронавирус, а само во последните 24 часа има 30 заразени.