Косово го обезбеди првиот олимписки медал

од Nikola Popovski
182 прегледи

Дистрија Красниќи го освои сребрениот медал во џудо за Косово на Олимписките игри во Франција.

28-годишната Косовка беше поразена во финалето до 52 килограми од Дијора Келдијорова од Узбекистан.

Бронзен медал освои Амандин Бушар од Франција.

Честитки стигнаа и од косовскиот премиер Албин Курти.

„Нема помоќна порака од тоа кога талентот, посветената работа и истрајноста блескаат на највисоката сцена“, порача Курти.

Инаку, ова е четврти олимписки медал за земјата која е самостојна само 16 години.

Првиот златен медал за Косово во 2016 година во Рио го освои Мајлинда Келменди во категоријата до 52 килограми. Красниќи (48 кг) го освои златото на последните Летни игри, како и Нора Ѓакова (57 кг).

Слични содржини