Косово ја завршува годината без 60 милиони евра бидејќи не го спроведува договорот од дијалогот со Србија

од Nikola Popovski
35 прегледи

Косово ќе ја заврши 2024 година без 60 милиони евра предфинансирање од Европската унија, бидејќи не ги спроведува договорите од дијалогот, пишуваат косовските медиуми.

Портпаролот на Европската комисија за „Газета Експрес“ изјавил дека поддршката во рамките на предфинансирањето ќе стигне до земјите што ја побарале на почетокот на 2025 година, нагласувајќи ја имплементацијата на општите услови и предуслови поврзани со дијалогот, кои се однесуваат на Косово и на Србија.

„Претфинансирањето ќе стигне до корисниците кои го побарале од почетокот на 2025 година, во зависност од внатрешните процедури во земјите. Генерално, распределбата на предфинансирањето зависи од стапувањето во сила на Договорот за кредитирање, како и од исполнувањето на општите предуслови и услови што е можно поскоро“, рекол портпаролот на ЕК.

На конкретното прашање дали е направена некаква оценка за Косово во однос на исполнувањето на предусловите за спроведување на сите договори, од Брисел одговорија дека Европската комисија ќе го следи исполнувањето на предусловите, вклучително и извештајот на Канцеларијата за надворешни работи на чие чело сега е Каја Калас.

„Комисијата ќе го следи исполнувањето на предусловите, имајќи ја предвид улогата и придонесот на Европската служба за надворешни работи, пред исплатата, односно како што се приближуваме до крајниот рок за плаќање“, наведуваат од Европската комисија.

Иако ЕУ постојано ги потенцираше предусловите Косово да има корист од Планот за раст, Владата на Косово не презеде никакви чекори кон имплементација на Бриселскиот договор од 2023 година и Охридскиот анекс и формирање на Заедница на општини со српска мнозинство.

Веќе подолго време меѓународните партнери бараат формирање на Заедница на општини со српско мнозинство со испраќање на нацрт-статутот подготвен од ЕУ до Уставниот суд.

Слични содржини