Портпаролот на ЦИК, Ваљмир Елези, по завршувањето на рокот за поднесување пријави за кандидатите на изборите, изјави за медиумите дека апликации за сертификација и листи на кандидати за пратеници пријавиле 20 политички партии и четири коалиции, како и еден независен кандидат.
Конечните листи на кандидатите кои ќе учествуваат на изборите, информира Елези, ќе бидат познати откако ќе заврши процесот на сертификација од страна на ЦИК, а одлуката ќе биде соопштена најдоцна до 10 септември.
