Косово повторно поднесе барање за членство во УНЕСКО

од Vladimir Zorba
66 прегледи

 

 

Косово планира оваа година да поднесе повторно барање за влез во Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО), како и во Советот на Европа.

Ова го изјави во неделата претседателот на земјата Хашим Тачи, цитиран од агенциите. Приштина веќе  се обиде да влезе во УНЕСКО во 2015 година, но Генералната конференција на организацијата  ја врати кандидатурата на Косово.

Приврзаниците на делумно признаената балканска држава не успеаја да ги соберат потребните две третини од гласовите, против се изјаснија 50 држави.

Русија е една од земјите кои не го признава Косово и се противат на учеството на оваа балканска земја во меѓународните организации.