Косово се соочува со потенцијална политичка криза

од Vladimir Zorba
85 прегледи

Косово се соочува со потенцијална политичка криза откако новиот парламент не успеа да избере претседател

Косово се соочува со потенцијална политичка криза откако новиот парламент не успеа да избере претседател  , ставајќи го под сомнение прашањето дали коалицијата која победи на изборите во јуни, воопшто може да собере мнозинство. Конститутивната седница на косовскиот парламент не продолжи попладне, како што беше најавено, и истата е одложена  бидејќи отсуствуваат 39-те членови на коалицијата Пан.

Пратеникот Глаук Коњуфца од “Самоопределување” повика коалицијата да се откаже и да направи пат на движењето и коалицијата ЛАА кои  треба да формираат влада. “Ова е повеќе од добра вест и потврда дека Пан нема доволен број пратеници за избор на претседател на парламентот, а оттука и за формирање влада. Затоа нека не се залажуваат себеси и отстапат на оние кои имаат доволен број пратеници “, рече тој. Коњуфца и додаде дека нема никаква пречка “Самоопределување” и ЛАА да формираат влада која “нема да зависат од Белград”.

Вонредните парламентарни избори се одржаа на 11 јуни. Според конечните резултати, коалицијата Пан (Демократска партија, Алијанса за иднината на Косово и Иницијатива за Косово) добива 39 пратенички мандати. Движењето “Самоопределување” има 32 места, коалицијата ЛАА (Демократска унија, Алијанса за ново Косово и Алтернатива за Косово) – 29 пратеници. По десет претставници ќе имаат Србите и партиите на малцинските етнички заедници. Демократскиот сојуз на Косово веќе соопшти дека пратениците од коалицијата ЛАА (Демократска унија, Алијансата за ново Косово и Алтернатива) нема да дадат ниту еден глас за формирање на влада, предводена од кандидатот на Пан Рамуш Харадинај.

Неуспехот на последната  седница загрижува,  а  набљудувачите  се со сомнеж за нови предвремени избори.

Косово, поранешна српска покраина, чие население од 1,8 милиони луѓе се главно етнички Албанци, е една од најсиромашните земји во Европа. Таа прогласи независност од Белград во 2008 година, речиси една деценија по војната за независност од 1998-1999 година, која заврши по 11-неделно бомбардирање на НАТО против Србија.

Војната остави зад себе 13 000 жртви. Повеќе од 110 држави ја признаа независноста на Косово, вклучувајќи ги и САД и повеќето членови на Европската унија, но Србија одбива  да го стори  и прифате признавањето. / АФП