Косово воспостави дипломатски односи со Антигва и Барбуда

од desk4
186 прегледи

Република Косово и централноамерикансаката островска држава Антигуа и Барбуда потпишаа договор за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.

Информацијата синоќа ја објавија министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли и косовската амбасадорка во Соединетите Американски Држави, Вљора Читаку, која на социјалните мрежи објави и фотографија од потшишувањето на договорот.

– Само што потпишавме договор за воспоставување дипломатски односи меѓу Косово и Антигва и Барбуа, напиша Читаку.

Воспоставувањето дипломатски односи, односно признавање на независноста на Косово од страна на државата која е дел од групата острови Мали Антили на границата меѓу Карипското море и Атлантскиот Океан, шефот на косовската дипломатија Пацоли го оцени како „голем чекор за Косово во јакнењето на дипломатската позиција во регионот на Карибите“.

– Денеска разговарав со министерот за надворешни работи на Антигва и Барбуда, Чет Грин и му се заблагодарив за ова ново поглавје во нашите билатерални односи и му изразив уверување за нашата готовност да работиме заедно на значајни прашања за нашите две земји, напиша Пацоли.