Екипата за деминирање на косовската полиција неутрализираше неексплодирана рачна граната во просториите на Општинската изборна комисија (ОИК) во Северна Митровица.
Според полициските службеници кои го обезбедувале местото на настанот, бомбата била уништена со таканаречена „контролирана експлозија“, а во моментов е во тек повлекувањето на ЕУЛЕКС, КФОР, полицајците и тимот за деминирање од местото на настанот, јавува „Косово онлајн“.
Тој портал наведува дека при интервенцијата синоќа се слушнала силна детонација и дека уште една граната која се наоѓала во близина на просториите, според надлежните, експлодирала во текот на денот.