Косовската полиција соопшти дека спречила напад врз премиерот Иса Мустафа, но дека двајцата осомничени избегале, пренесува БТА.
Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничените очигледно имале за цел денеска да ја запрат моторизираната придружба на премиерот, фрлајќи клинци и други метални предмети на патот. Полициски службеник се вмешал и бил повреден, а осомничените ги испуштиле металните предмети при бегството.
Вчера Мустафа беше изведен од парламентот со помош на телохранители, кои со чадор го заштитуваа од опозициските пратеници, кои фрлаа јајца додека тој зборуваше за дијалогот со Србија.
