Косовската полиција го потврди убиството на тројцата напаѓачи кои утринава ја нападнаа косовската полиција, при што загина еден полицаец, јавуваат косовските медиуми.
„Официјалните информации засега потврдуваат убиство на тројца напаѓачи, апсење на еден напаѓач, апсење на четворица осомничени кај кои биле пронајдени радио-комуникации, како и идентификација на значително количество оружје, муниција и разновидна опрема“, пишува во соопштение на косовската полиција пренесено од медиумите.
Во понатамошниот полициски извештај, се наведува дека на станбената локација што ја користеле напаѓачите, за време на полициските акции, пронајдена е логистичка опрема, сомнителни воени возила, воени униформи, како и оружје и муниција од различен калибар.
Според официјалните информации од терен при размената на оган, потврдено е убиството на уште двајца напаѓачи, кои биле маскирани, униформирани и тешко вооружени, а потврдено е и апсење на униформиран и вооружен напаѓач. во известувањето.
Понатаму се наведува дека од нападот, полицаецот на КП се здобил со претежно полесни повреди.
„Понатаму, при рутинска контрола на возила, во атарот на село Рударе, полициските единици приведоа четворица осомничени за кои е констатирано дека поседуваат нелегална радио опрема, а се сомничат дека се поврзани со криминални групи. каде ќе се преземаат понатамошни дејствија во соработка и координација со правосудните органи“, се наведува во соопштението.
Во атарот на с.Бањска, како што информираат од полицијата, продолжува да има тензична безбедносна состојба, а нападите со огнено оружје врз полициските единици продолжуваат со ист интензитет, во зависност од движењето на криминалните групи.
Полициските дејствија се одвиваат според плановите и развојот на теренот, реагирајќи во самоодбрана на нападите насочени кон полицајци, чии животи се во опасност“, се вели во соопштението.
Косовската полиција продолжува да ги повикува напаѓачите да се предадат на правосудните органи и истовремено ги повикува граѓаните на соработка со органите на прогонот, во интерес на смирување на ситуацијата и општата безбедност.
„Истрагата на местото на настанот продолжува во соработка и координација со сите надлежни институции, вклучително и Полицискиот инспекторат на Косово“, се заклучува во соопштението.