Косовската полиција уапси четири лица поради трговија со органи

од desk2
84 прегледи

Полицијата на Косово соопшти дека уапси четири лица осомничени за незаконска трансплантација и трговија со органи и соучество во извршување казнено дело, јави ФЕНА.


– При контрола на една приватна клиника во регионот на Приштина уапсени се четири лица, две жени и двајца мажи. Акцијата е спроведена во соработка со други институции, се наведува во соопштението.

По налог на обвинител, на три лица им е одреден полициски притвор од 48 часа, а едно лице е ослободено.