Косовската претседателка Османи утре во посета на Скопје

од Nikola Popovski
163 прегледи

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 26 април 2023 година, среда, ќе биде домаќин на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателката Османи-Садриу ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Османи-Садриу и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Косово.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

За време на официјалната посета, косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.

Слични содржини