Косовските граѓани трошат милиони евра за добивање на визи

од Vladimir Zorba
119 прегледи

Во очекување на визна либерализација, косовските граѓани и понатаму во долги редици може да се видат пред амбасадите на земјите членки на Европската унија, чекајќи да добијат виза.

– Визната либерализација доцни, а косовските граѓани и понатаму се малтретираат чекајќи со часови, некогаш и денови и трошејќи многу пати и време, за да аплицираат за виза, за да може да патуваат во некоја од земјите на шенген зоната. И денешниот ден иако врнежлив не ги спречи  граѓаните во редови да чекаат пред амбасадите, објави приштински „Експрес“.

Дека косовските граѓани трошат многу пари за визи за да патуваат во друга земја во светот, потврдуваат и потрошените средства лани за таа цел, кои изнесуваат 20 милиони евра.

– Визната либерализација не се случи и како последица на тоа минатата година косовските граѓани беа принудени да бараат виза, која лани ја добија над 8.500 лица за да патуваат во друга држава. За овие деловни, туристички, спортски и семејни визи, потрошени се над 20 милиони евра, потврдуваат од Косовската бизнис алијанса./МИА