Косовските власти го блокираат извозот на македонското брашно

од Nikola Popovski
327 прегледи

Македонските мелничари денес објавија дека веќе 25 дена не можат да извезуваат затоа што косовските власти враќаат камиони со брашно под изговор дека нивото на железо и фолна киселина во него е под пропишаното ниво.

„Во последните 25 дена, Косово ги враќа нашите камиони под изговор дека нивото на железо и фолна киселина е под пропишаните стандарди, иако тестирањето на брашното во нашите акредитирани лаборатории пред испораката и по враќањето откри дека содржи повеќе од минимална количина железо и фолна киселина“, рекол претседателот на Групацијата на мелници и пекари во македонската стопанска комора, Горан Малишиќ за МИА.

Малишиќ вели дека и АХВ и Министерството за економијаза проблемот се информирани уште пред три недели, но состанок е закажан за утре. На него ќе се бара од Бектеши да го реши проблемот со извозот, како и неконтролираниот увоз на брашно со околните држави кои се потписнички на ЦЕФТА. Велат не може само ние како држава да трпиме штети во опкружувањето.

„Министерството за економија е во комуникација со косовските власти за настанатиот проблем со извоз на брашно на косовскиот пазар. Во текот на утрешниот ден заедно со Агенцијата за храна и ветеринарство ќе оствариме состанок со претставници на Мелничко-пекарската  индустрија со цел за изнаоѓање на решение. Во зависност од информациите и од косовската страна и од мелничко-пекарската  индустрија ќе бидат превземени соодветни мерки“, соопштија од министерството.

Месечно на косовскиот пазар завршуваат минимум 600 тони македонско брашно. Лани сме извезле 4.400, а во 2019 година 8.400 тони брашно.

Слични содржини