Коста К. е најопасниот детски масовен убиец во историјата: „Никој на таа возраст не убил повеќе луѓе“

од Stefanija Kuzmanovska

Коста К.(13), кој во средата уби осум врсници и член на обезбедувањето во ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград, е најсуровиот масовен убиец на деца во историјата на светот, пишува „Блиц.рс“.

Меѓу сите масовни убијци во светот помлади од 14 години, што во Србија е законска граница под која детето не може кривично да одговара за кривично дело без разлика на бројот на жртвите, никој досега не убил толку жртви како Коста К., пишуваат белградските медиуми.

На пример, во 2019 година, Кајл Алвуд уби пет членови од своето семејство кога запали куќа во Илиноис, САД. Тој тогаш имаше само 9 години. Во 1998 година, Ендрју Голден (11) и неговиот соучесник Мичел Џонсон (13) убиле четворица ученици и еден наставник во средно училиште во Арканзас, а раниле уште 10. Бразилецот Марсело Едуардо Бово (13) уби четири лица во Сао Паоло во 2013 година, по што извршил самоубиство.

На оваа листа би можела да се најде и Германката Ајда Шел (13), која убила шест бебиња во Минхен во 1907 година. Сепак, таа убиваше периодично, па повеќе спаѓа во категоријата сериски отколку масовни убијци.

Последното масовно злосторство од вакви размери, кое го извршил некој барем приближно на иста возраст како Коста К., се случил дури пред 65 години, во Соединетите Американски Држави.

Во 1968 година, девојката Керил Ен Фугејт, една година постара од Коста К. во моментот на злосторството, убила 11 луѓе во крвав поход со убиецот Чарлс Старкведер (19). По апсењето, таа стана најмладата жена во историјата на САД на која ѝ се судеше за најтешка форма на убиство. Таа беше осудена на доживотен затвор, но беше пуштена на условна слобода во 1976 година.

Но, ни ова грозоморно злосторство не може да се спореди со вчерашниот масакр во Белград, бидејќи го извршиле две лица заедно, а Коста К. се сам организирал и спровел.

Ако се земат предвид и другите масовни убијци на возраст од 14 до 18 години, кои српскиот закон ги класифицира како малолетници, Коста К. исто така е еден од најсуровите на таа листа.

Тим Кречмер (17) уби повеќе луѓе од Коста К. во 2009 година, кога пукањето во средно училиште во Германија заврши со 16 жртви. Напаѓачот Кречмер се самоуби, а одземено е и оружјето на неговиот татко.

Џефри Џејмс Вајс (16) бил ученик во средното училиште Ред Лејк во Минесота, САД. Во 2005 година ги убил дедо му и девојката на дедо му, пред да започне средно училиште, а убил уште седум лица, вкупно девет. По злосторството се самоубил.

Ерик Борел (16) бил средношколец кој во 1999 година во едно село во Франција го убил своето семејство, а потоа и 12 други луѓе. Зад себе остави вкупно 15 жртви. По злосторството, тој се самоубил.

Сите се сеќаваме на масовните убиства во училиштата во САД. Меѓутоа, меѓу нив, медиумите најмногу ги покриваат оние кои ги прават возрасните. Две 18-годишни девојчиња учествувале во масакр во Колумбајн, додека масакрот во основното училиште Сенди Хук го изврши 20-годишен напаѓач.

Слични содржини